Политика за приватност за развој на системи за возење

Општи информации: Со оваа Политика за приватност ве информираме за начинот на обработка и користење на вашите лични податоци од страна на SEAT, S.A. (СЕАТ, С.А.), за целите на развој и унапредување на системите за помош на возачот и функциите за автоматизирано управување, како и за обезбедување на дополнителни услуги кои придонесуваат за зголемување на безбедноста во патниот сообраќај воопшто. Дополнително, ве информираме дека SEAT, S.A. е шпански производител на хомологирани комерцијални возила, кој работи под трговските марки SEAT и CUPRA. Во понатамошниот текст, SEAT, S.A. односно, „SEAT“ или „CUPRA“ ќе се користи наизменично, како што е соодветно.

1. Кој е контролорот на личните податоци?

§ SEAT, S.A.U. (СЕАТ, С.А.У) со даночен број A-28049161 (SEAT / CUPRA)

§ Адреса: Autovía A-2, Km. 585, Martorell (Аутовиа А-2, Км. 585, Марторелл) (Барселона, Шпанија)

§ Контакт: [email protected]

2. Какви категории на лични податоци обработуваме и кое е нивното потекло?

Нашите возила се опремени со камери и сензори поставени надвор од возилото, кои, во одредени околности, овозможуваат прибирање на одредени податоци и информации од јавните патишта, и тоа:

﹣ видео записи;

﹣ слики и фотографии;

﹣ аудио записи;

﹣ податоци за локација, односно податоци за статична локација (GPS позиција и временски печат).

Се напоменува дека во ниту еден момент не е предвидена идентификација на поединечни физички лица ниту пак е неопходна за остварување на целите наведени подолу. Лицата, возилата и другите објекти се разгледуваат исклучиво како „објекти“ во контекст на сообраќајни и еколошки ситуации (на пример: „пешак на десната страна од коловозот“). Без ваша активна вклученост и без доставување дополнителни податоци, не е можно прибраните податоци да се поврзат со конкретно физичко лице.

3. Со која цел ги обработуваме вашите податоци и кој е правниот основ?

Главната цел на евидентирањето и обработката на податоци е развојот и унапредувањето на функциите за помош на возачот и автоматизираното управување (ADAS функции), кои се потребни за хомологација на идни возила, како и за оние услуги и функции поврзани со возилото кои можат да придонесат за зголемување на општата безбедност во сообраќајот. Евидентирањето и обработката на податоците се спроведува во однапред дефинирани и специфични сообраќајни ситуации преку „настани“ или кампањи создадени за таа цел, со користење на сензори и технологии за правење фотографии. Ваквите „настани“ или сообраќајни ситуации можат да вклучуваат критични ситуации од аспект на безбедноста, како на пример, итно сопирање, или локални особености, како слабо означени коловози или специфични сообраќајни знаци. Препознавањето на овие критични ситуации за безбедноста на патиштата, како и последователниот развој и оптимизација на системите и функциите, е важен дел од континуираното подобрување на системите за помош на возачот во нашите возила.

Ваквата обработка на податоци може да се однесува на секое лице кое повремено се наоѓа во близина на возилото или е директно вклучено во сообраќајна ситуација критична за безбедноста на луѓето. Во овие случаи, нашите возила во определен момент може да направат фотографија. И покрај тоа, ве информираме дека можните фотографии и податоци што се прибрани се анонимизираат преку процес на пикселизација во рок од најмногу 48 часа. Откако ќе се изврши анонимизацијата, лицата, возилата или другите објекти што се наоѓаат надвор се сметаат за „анонимни објекти“ во контекст на сообраќајот, на пример: „пешаци на десната страна од патот“. Овие информации се користат за унапредување на софтверот и за отстранување на личните карактеристики кои не се релевантни за развојот на системот за возење и безбедност на патиштата.

Ќе ги обработуваме вашите лични податоци согласно одредбите на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR). Конкретно, целите и правните основи за обработката на вашите податоци се следни:

Цел
Податоци
Правен основ
Примери
Прибирање на податоци за развој на функции и услуги за помош на возачот и автоматизирано управување
Прибирање на податоци за развој на функции и услуги за помош на возачот и автоматизирано управување Снимање / фотографирање (видео/филм, слика/фотографија, аудио), податоци за локација (статична GPS позиција) Член 6(1)(f) GDPR – легитимни интереси на SEAT/трета страна за развој, тестирање, валидација и пуштање во употреба на системи за помош на возачот и за безбедност, од активна и пасивна безбедност до автоматизирани и автономни системи кои можат да го подобрат општото ниво на безбедност во сообраќајот. Извлекување снимки / фотографии од околината на возилото во тесно дефинирани ситуации (на пример, итно сопирање или нагли маневри за избегнување) за развој на функции и услуги за помош на возачот и автоматизирано управување; зголемување на безбедноста на производот, возилото и патиштата.
Член 6(1)(f) GDPR – легитимни интереси на SEAT/трета страна за развој, тестирање, валидација и пуштање во употреба на системи за помош на возачот и за безбедност, од активна и пасивна безбедност до автоматизирани и автономни системи кои можат да го подобрат општото ниво на безбедност во сообраќајот.
Прибирање на податоци за развој на функции и услуги за помош на возачот и автоматизирано управување Снимање / фотографирање (видео/филм, слика/фотографија, аудио), податоци за локација (статична GPS позиција) Член 6(1)(f) GDPR – легитимни интереси на SEAT/трета страна за развој, тестирање, валидација и пуштање во употреба на системи за помош на возачот и за безбедност, од активна и пасивна безбедност до автоматизирани и автономни системи кои можат да го подобрат општото ниво на безбедност во сообраќајот. Извлекување снимки / фотографии од околината на возилото во тесно дефинирани ситуации (на пример, итно сопирање или нагли маневри за избегнување) за развој на функции и услуги за помош на возачот и автоматизирано управување; зголемување на безбедноста на производот, возилото и патиштата.
Евалуација на снимки / фотографии направени во реални сообраќајни ситуации
Снимање / фотографирање (видео/филм, слика/фотографија, аудио), податоци за локација (статична GPS позиција)
Член 6(1)(f) GDPR – легитимни интереси за откривање на околината, пречки и услови, како и учесници во сообраќајот, вклучително и нивниот правец на движење за одредување на соодветен одговор на возилото.
Евалуација на снимки/фотографии од околината на возилото, вклучително собирање, обработка и складирање на видео и аудио записи и фотографии; унапредување на системите за помош на возачот и информациските системи за препознавање на учесници во сообраќајот, ситуации и други објекти.
Гарантирање и остварување на нашите права и откривање на податоци во контекст на владините/судските мерки.
Снимки/фотографии; податоци за локациски податоци.
Гарантирање и остварување на нашите права и откривање на податоци во контекст на владините/судските мерки. Снимки/фотографии; податоци за локациски податоци. Член 6(1)(c) GDPR – законска обврска според законодавството на ЕУ/ држава членка. Член 6(1)(f) GDPR – легитимни интереси на SEAT / третата страна. Остварување и заштита на права и побарувања; откривање на податоци за собирање докази; кривично гонење и спроведување на граѓански побарувања.
Гарантирање и остварување на нашите права и откривање на податоци во контекст на владините/судските мерки. Снимки/фотографии; податоци за локациски податоци. Член 6(1)(c) GDPR – законска обврска според законодавството на ЕУ/ држава членка. Член 6(1)(f) GDPR – легитимни интереси на SEAT / третата страна. Остварување и заштита на права и побарувања; откривање на податоци за собирање докази; кривично гонење и спроведување на граѓански побарувања.
Почитување на законски обврски / обработка врз основа на законски одредби
Снимки/фотографии; податоци за локациски податоци.
Член 6(1)(c) GDPR - законска обврска според законодавството на ЕУ/ држава членка.
Постапување по барања на субјектот на податоците, согласно GDPR; обработка на пријави за можни злоупотреби на лични податоци.

4. На кој начин и колку долго се чуваат вашите податоци?

Пикселизираните фотографии ќе се чуваат најмногу една (1) година за погоре наведените цели, освен доколку не е потребно да се чуваат подолго поради законски причини. Продолженото чување може да биде потребно за обезбедување на квалитет и корекција на грешки. Податоците се бришат веднаш штом целта за која се прибрани и обработени престане да важи.

5. Кои се примателите на вашите податоци?

Ве информираме дека, генерално, вашите лични податоци нема да им се откриваат на трети страни, освен доколку тоа е неопходно поради исполнување на законска обврска или во конкретните случаи наведени подолу:

Како сертифицирани производители на возила, ние сме обврзани, на барање на надлежните органи, да обработуваме и споделуваме одредени податоци складирани во вашето возило. Некои од овие обврски можат да произлезат од истраги за кривични дела, сообраќајни незгоди, контрола на продажба на втора рака, и слични околности. Секое откривање на податоци на органите секогаш ќе се одвива во согласност со соодветните применливи законски обврски (Член 6.1(c) GDPR).

Дополнително, нашата компанија е дел од Volkswagen Group (Групацијата Фолксваген). Во тој контекст, ве информираме дека користиме сервери за податоци, ИТ даватели на услуги и други добавувачи и трети страни ангажирани од Volkswagen Group, кои исто така обезбедуваат одржување и техничка поддршка за ИТ системите во нашите возила. Овие трети страни, како и добавувачите на SEAT и Volkswagen, секогаш ќе ги обработуваат личните податоци во наше име и согласно нашите инструкции.

На крај, во одредени околности, SEAT има право да ги сподели вашите податоци со компании во рамките на Volkswagen Group за целите на унапредување и иновација на производите поврзани со безбедноста на вашето возило. Овие компании се: Volkswagen AG (Фолксваген АГ), Škoda Auto a.s. (Шкода Ауто а.с.) и Cariad SE (Кариад СЕ).

6. Дали вашите податоци би можеле да бидат пренесени вон Европската економска област?

По правило, вашите податоци ќе се обработуваат само во рамките на Европската економска област (ЕЕО), на која GDPR се применува без ограничувања. Сепак, како глобално активна компанија, во исклучителни случаи може да биде неопходно податоците да се чуваат и обработуваат надвор од ЕУ. Ве информираме дека вашите податоци ќе бидат пренесени во трети земји само доколку тоа е дозволено согласно GDPR. Доколку не постои одлука за соодветност донесена од Европската комисија, преносот ќе се врши само доколку е во согласност со членовите од 44 до 49 од GDPR.

Доколку SEAT, S.A. се потпира на соодветни заштитни мерки согласно член 46 став 2 од GDPR (како што се стандардни договорни клаузули или обврзувачки корпоративни правила), ќе бидат преземени дополнителни технички и/или организациски мерки, доколку тоа е потребно за да се обезбеди соодветно ниво на заштита на вашите податоци.

Со цел обезбедување соодветно ниво на заштита на податоците, договорите со обработувачите на податоци редовно предвидуваат склучување на стандардни договорни клаузули на Европската Комисија .

7. Кои се вашите права како субјект на лични податоци?

Вашите права како субјект на лични податоци се утврдени подолу:

Право
Содржина
Пристап
Имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и пристап до личните податоци што се обработуваат.
Исправка
Имате право да побарате исправка на неточни лични податоци, како и дополнување на нецелосните податоци
Бришење
Имате право да побарате бришење на вашите лични податоци кога, меѓу другото, податоците повеќе не се потребни за целите за кои биле прибрани.
Приговор
Имате право да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци. Во тој случај, обработката ќе престане, освен доколку постојат надредени легитимни причини или се податоците се потребни за остварување или одбрана на правни побарувања.
Ограничување на обработката
Ограничување на обработката Имате право да побарате ограничување на обработката на вашите податоци во следниве случаи: • кога се оспорува точноста на податоците; • кога обработката е незаконска, а вие се спротивставувате на бришењето и барате ограничување на нивната употреба; • кога податоците повеќе не ни се потребни, но вам ви се потребни за остварување или одбрана на правни побарувања; • кога сте поднеле приговор на обработката, додека се утврдува дали нашите легитимни интереси преовладуваат над вашите.
Преносливост
Преносливост Имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат, како и истите да ги пренесете на друг контролор.

8. На кој начин можете да ги остварите вашите права?

Овие права можете да ги остварите со поднесување на писмено барање до SEAT, S.A., Autovía A-2 Km. 585, Martorell (СЕАТ, С.А., Аутовиа А-2 Км. 585 Марторелл) Барселона, Шпанија, или на е-пошта: [email protected].

Остварувањето на овие права е бесплатно, освен во случаи на очигледно неосновани или прекумерни барања. Доколку постои основано сомневање во однос на вашиот идентитет, може да ви биде побарано да доставите дополнителни информации потребни за негова потврда, со цел да можеме да постапиме по вашето барање.

Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци не е во согласност со применливите прописи, имате право да поднесете претставка до Шпанската агенција за заштита на податоци преку веб-страницата www.aepd.es или до надлежниот надзорен орган.

9. Службеник за заштита на лични податоци (DPO)

Доколку имате прашања во врска со заштитата на личните податоци или сакате да стапите во контакт со нашиот службеник за заштита на лични податоци („DPO“), можете да го контактирате на следната е-пошта:

[email protected].

10. Дополнувања специфични за одделни земји

Ве молиме имајте предвид дека нивото на заштита на податоците утврдено со GDPR, како што е опишано погоре, претставува минимален стандард. Доколку се применуваат специфични права на субјектите на податоци за одделни земји или се потребни дополнителни информации за обработката или контакт-лица, тие се наведени во следните дополнувања распределени на ниво на држава.

· Албанија: Покрај правните основи наведени во Дел I, согласно законодавството на Албанија, правен основ за обработка на лични податоци претставува и согласноста дадена од страна на субјектите на податоци. Согласноста се дава при регистрација за мобилни онлајн услуги, откако субјектите ќе потврдат дека ја прочитале и прифатиле Политиката за приватност, или со користење на возилото со знаење за обработката на податоците. Дополнително, односно покрај правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до Комесарот за информации и заштита на лични податоци (https://www.idp.al/?lang=en), како надлежен орган за заштита на податоците.

Контакт лице за остварување на вашите права: Доколку сакате да ги остварите вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци, можете да нè контактирате преку горенаведените контакт-податоци или преку овластеното локално контакт лице на следните податоци:

Претставник на контролорот во Албанија: Porsche Albania Sh.p.k Autostrada Tiranë–Durrës Km. 3, Tiranë, 1051

(Порше Албанија Ш.п.к.

Аутострада Тирана-Драч

Км. 3 Тирана, 1051) [email protected]

· Андора: Покрај, односно дополнително на правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до Агенцијата за заштита на податоци на Андора (https://www.apda.ad).

· Белгија: Согласно законска обврска, должни сме, на барање на Car-Pass vzw (Кар-Пасс фцв), во редовни интервали (обично еднаш квартално) да ги објавуваме податоците за километражата (km) на поврзаните возила. Овие податоци се чуваат од страна на Car-Pass vzw во т.н. „Car-Pass“, со цел да се обезбедат релевантни информации за возилото на потенцијалните купувачи при купопродажба на половни возила. Лични податоци што се обработуваат: идентификациски број на возило (VIN); километража (km); време на прибирање на податоците во возилото. Правен основ: Член 6 став 1 точка (c) GDPR, во врска со член 6 од Законот од 11 јуни 2004 година и член 3/1, § 2 од Кралскиот декрет од 26 август 2006 година. Приматели: Car-Pass vzw, Woluwedal 46/2 (Кар-Пасс фцв, Волуведал 46/2), 1200 Брисел, Белгија; D’Ieteren Automotive SA/NV, Leuvensesteenweg 639 (Д’летерен Аутомотиве СА/НВ, Леувенсестеенвег 639), 3071 Кортенберг, Белгија; CARIAD SE, Berliner Ring 2 (КАРИАД СЕ, Берлинер Ринг 2), 38440 Волфсбург, Германија; Audi AG, Auto-Union-Straße 1 (Ауди АГ, Ауто-Унион-Штрасе 1), 85057 Инголштат, Германија. Сите приматели, со исклучок на Car-Pass vzw, ги обработуваат податоците исклучиво во наше име и согласно нашите инструкции.

· Босна и Херцеговина: По исклучок од правните основи наведени во Дел Б, согласно законодавството на Босна и Херцеговина, правен основ за обработка на лични податоци претставува согласноста дадена од субјектите на личните податоци. Согласноста се дава при регистрација за мобилни онлајн услуги, откако субјектите ќе потврдат дека ја прочитале и прифатиле Политиката за приватност, или со користење на возилото со знаење за обработката на податоците. Контакт лице за остварување на вашите права: Доколку сакате да ги остварите вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци, можете да нè контактирате преку горенаведените контакт-податоци или преку овластеното локално контакт лице преку следните податоци:

ПОРШЕ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Порше БХ д.о.о. Сараево Порше Интер Ауто д.о.о. Сараево BIH-71000 Сараево, Булевар Меша Селимовиќ 16 Босна и Херцеговина [email protected]

· Фарски Острови: Покрај, односно дополнително на правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до надлежниот орган за заштита на податоци на Фарските Острови – Dátueftirlitið. Контакт-податоците на органот се достапни на: www.dat.fo.

· Франција: Доколку пристапот до податоците и нивната обработка потпаѓаат под примената на законодавството за заштита на личните податоци на Франција, исто така, имате право и да утврдите насоки во однос на постапувањето со вашите лични податоци по вашата смрт (постмортем право).

· Лихтенштајн: Доколку пристапот до податоците и нивната обработка потпаѓаат под законодавството за заштита на личните податоци на Лихтенштајн, сите референци на Европската Унија (ЕУ) треба да се толкуваат како референци на Европската економска област (ЕЕО).

· Монако: Покрај, односно дополнително на правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до Комисијата за контрола на личните податоци (Commission de Contrôle des Informations Nominatives – CCIN), со адреса: 11 rue du Gabian (11 руе ду Габиан), 98000 Монако.

· Црна Гора: Контакт лице за остварување на вашите права: Доколку сакате да ги остварите вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци, можете да нè контактирате преку горенаведените контакт-податоци или преку овластеното локално контакт лице на адресата наведена подолу:

Порше Лизинг доо Член на Групацијата Порше Банк Јосип Броз Тито 67 81000 Подгорица, Црна Гора [email protected]

· Северна Македонија: Дополнително и покрај вашите права наведени погоре под Б. VII., важи следново: Имате право да поднесете приговор во врска со обработката на вашите лични податоци до „Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија” (https://azlp.mk/).

Лице за контакт за остварување на вашите права:

Валентина Јовановска Василева, Офицер за заштита на личните податоци

Ако сакате да ги остварите вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци, може да нè контактирате преку горенаведените податоци за контакт, или преку овластено локално лице за контакт користејќи ги податоците за контакт наведени во продолжение:

Порше Македонија ДООЕЛ, Скопје Бул. Бозна и Херцеговина 4 1000 Скопје Северна Македонија E-пошта: [email protected] или

[email protected]

· Сан Марино: Покрај, односно дополнително на правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: Доколку пристапот до податоците и нивната обработка потпаѓаат под законодавството за заштита на личните податоци на Сан Марино, согласно член 13(1)(f) од Закон бр. 171 од 2018 година, се утврдува дека, со оглед на намерата на контролорот на податоци да ги пренесе личните податоци во трети земји или меѓународни организации, се обезбедуваат следните можности за добивање копија од податоците или информации за тоа каде се ставени на располагање: За остварување на вашите права, вклучително и правото на пристап до вашите податоци и добивање копија од нив, можете да не контактирате преку горенаведените контакт-податоци. Стандардните договорни клаузули на ЕУ што се користат се достапни на јазиците на ЕУ и до нив може да се пристапи преку следниот линк: https://eur-lex.europa.eu/legal-content/it/TXT/?uri=CELEX%3A32021D0914. Имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до Агенцијата за заштита на лични податоци на Сан Марино: https://www.garanteprivacy.sm/.

· Србија: Покрај, односно дополнително на правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: Имате право да бидете информирани за соодветните гаранции во случај на пренос на податоци кон земји или меѓународни организации надвор од Србија кои не обезбедуваат адекватно ниво на заштита на податоците признаено со Одлука на Владата на Србија. Сите земји-членки на ЕУ / ЕЕO обезбедуваат адекватно ниво на заштита на податоците признаено со Одлука на Владата на Србија. Имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до Комесарот за информации од јавен интерес и заштита на лични податоци (https://www.poverenik.rs/sr-yu/kontakt.html), како надлежен надзорен орган за заштита на лични податоци во Република Србија. Контакт лице за остварување на вашите права: Доколку сакате да ги остварите вашите права во врска со обработката на вашите лични податоци, можете да нè контактирате преку горенаведените контакт-податоци или преку овластеното локално контакт лице на следната адреса:

ПОРШЕ СГГ ДОО БЕОГРАД Зрењаниснки пот 11 11210 Белград, Србија Е-пошта: [email protected]

· Шпанија: Доколку пристапот до податоците и нивната обработка потпаѓаат под примената на шпанското законодавство за заштита на личните податоци, ве информираме дека вашите лични податоци ќе бидат избришани по истекот на законскиот рок на чување, доколку правниот основ за нивната обработка повеќе не важи (особено ако ја повлечете согласноста), ако обработката на вашите податоци повеќе не е потребна за соодветната цел или ако самата цел односно причина за чување на податоците повеќе не важи.

· Швајцарија: Доколку обработката на податоци потпаѓа под Швајцарскиот федерален закон за заштита на личните податоци (FADP): (a) опфатот на „лични податоци“ што ќе се обработуваат се одредува во согласност со FADP, и (б) сите референци на GDPR треба да се толкуваат како референци на FADP. Покрај, односно дополнително на правата наведени погоре во Дел Б. VII., важи следното: имате право да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци до Швајцарскиот федерален комесар за заштита на лични податоци и информации (FDPIC): https://www.edoeb.admin.ch/edoeb/en/home.html.